Форматирање на масовната
меморија
Кога масовната меморија повторно се форматира,
сите податоци во меморијата засекогаш се губат.
Направете резервни копии на податоците што
сакате да ги задржите пред форматирање на
масовната меморија. Можете да користите Nokia Ovi
Suite или Nokia Nseries PC Suite за да направите
резервни копии на податоците на компатибилен
компјутер.Технологиите на digital rights
management (DRM) може да спречат некои резервни
копии на податоци да бидат повратени.
Контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги за
повеќе информации за DRM што се користи за
Вашите содржини.
За да форматирате масовна меморија, одберете
Options
>
Format mass memory
. Не ја
форматирајте масовната меморија користејќи
компјутерски софтвер бидејќи ова може да ги
намали перформансите.
Форматирањето не гарантира дека сите доверливи
податоци зачувани во масовната меморија на
уредот трајно се уништени. Стандардното
форматирање само ја означува форматираната
област како достапен простор и ја брише адресата
за повторно пронаоѓање на датотеките.
Обновувањето на форматираните или дури и на
податоците врз кои повторно е зачувувано може
сеуште да е можно со специјални алатки и софтвер
за повраќање датотеки.