Nokia N86 8MP - Преглед на мапите

background image

Преглед на мапите

Изберете

Menu

>

Maps

.

Добре дојдовте во Мапите.
Услугата Мапи Ви покажува што има во Вашата

близина, Ви помага да го планирате правецот и Ве

води до саканото место.

Најдете градови, улици и услуги.

Најдете го патот со помош на упатства за секое

следно свртување.

Синхронизирајте ги своите омилени локации и

правци помеѓу мобилниот уред и интернет

услугата Ovi мапи.

Проверете ја временската прогноза и останатите

локални информации, доколку се достапни.

Забелешка: Даунлоадирањето содржини

како што се мапи, слики од сателити, гласовни

датотеки, водичи или информации за сообраќај

може да вклучуваат пренос на големи количини на

податоци (мрежна услуга).
Некои услуги може да бидат недостапни во некои

земји и може да бидат обезбедени само на

определени јазици. Тие услуги може да зависат од

мрежата. За повеќе информации, обратете се до

Вашиот мрежен оператор.
Скоро целата дигитална картографија е непрецизна

и некомплетна до некој степен. Никогаш не се

потпирајте единствено на картографијата која што

ја даунлоадирате за употреба во овој уред.
Содржините како што се слики од сателити, водичи,

информации за време и сообраќај и поврзаните

услуги се генерирани од трети страни независни

од Nokia. Содржината може да бидат непрецизна и

некомплетна до одреден степен и е предмет на

достапноста. Никогаш не се потпирајте единствено

на гереспоменатата содржина и поврзаните услуги.