Nokia N86 8MP - Безбедност на конекцијата

background image

Безбедност на конекцијата

Ако индикаторот за безбедност ( ) се прикажува за

време на некоја конекција, преносот на податоци

помеѓу уредот и интернет гејтвејот или серверот е

шифриран.

68

Пребарувач

background image

Иконата за безбедност не означува дека преносот

на податоци помеѓу портата и серверот за

содржини (каде што се зачувани содржините) е

безбеден. Операторот на услугите го осигурува

преносот на податоци помеѓу портата и серверот за

содржина.
Безбедносните сертификати може да се бараат за

некои услуги, како што се банкарски услуги. Ќе

бидете известени ако идентитетот на серверот не е

автентичен или ако го немате вистинскиот

безбедносен сертификат во Вашиот уред. За повеќе

информации, контактирајте го Вашиот оператор.

Важно: Иако користењето на сертификати ги

прави ризиците во врска со далечинските конекции

и инсталацијата на софтверот значително помали,

тие мора да се користат правилно со цел да се има

корист од зголемената безбедност. Постоењето на

сертификати не нуди заштита сама по себе,

сертификат менаџерот мора да содржи коректни,

автентични или поверливи сертификати за

постоење на зголемена заштита. Сертификатите

имаат ограничено траење. Ако се покаже

"Сертификатот е истечен" или "Сертификатот

сеуште не е валиден", и покрај тоа што

сертификатот треба да биде валиден, проверете

дали тековните датум и време во Вашиот уред се

точни.

Пред менување на прилагодувањата на

сертификатот, морате да бидете сигурни дека

навистина му верувате на сопственикот на

сертификатот и дека сертификатот навистина

припаѓа на наведениот сопственик.