Поставување на вашиот e-mail
Со Nokia e-mail волшебникот, можете да ја
поставите вашата корпоративна e-mail сметка,
како што е Microsoft Outlook, Mail for Exchange или
Intellisync, и вашата интернет e-mail сметка.
114
Пораки
Кога го поставувате вашиот корпоративен e-mail,
може да ви биде побарано името на серверот
асоциран со вашата e-mail адреса. За детали
прашајте го IT одделението на вашата компанија.
1.
За да го почнете волшебникот, појдете до
почетниот екран, дојдете до e-mail волшебникот
и притиснете го копчето за движење.
2.
Внесете ја вашата e-mail адреса и лозинка. Ако
волшебникот не може автоматски да ги
конфигурира поставките за вашиот e-mail, треба
да го изберете типот на вашата e-mail сметка и
да ги внесете поставките во врска со сметката.
Ако вашиот уред содржи какви било
дополнителни e-mail клиенти, тие ќе ви бидат
понудени кога ќе го почнете e-mail волшебникот.