Читач на пораки
Со Читачот на пораки можете да слушате текст,
мултимедија, и аудио пораки и e-mail.
За да ги промените прилагодувањата за читање
пораки во апликацијата Говор, одберете
Options
>
Speech
.
За да слушате нови пораки или e-mail, во почетниот
екран, притиснете и задржете го левото копче за
одбирање се додека не започне Читачот на пораки.
За да слушате пораки од папката на Вашето
Дојдовно сандаче или e-mail од Вашето Поштенско
сандаче, одберете некоја порака и
Options
>
Listen
. За да го стопирате читањето, притиснете го
копчето за завршување.
За да паузирате или продолжите, притиснете го
копчето за скролување. За да прескокнете на
следната порака или e-mail, скролувајте десно. За
повторно да ја пуштите моменталната порака или
e-mail, скролувајте лево. За да ја прескокнете
претходната порака, скролувајте лево два пати. За
да ја прилагодите јачината на звукот, скролувајте
горе или долу.
За да ја видите моменталната порака или e-mail во
текстуален формат без звукот, одберете
Options
>
View
.