Совети за внесување на текст
За да внесете број во режимот на буквите,
притиснете и задржете го посакуваното копче на
бројот.
За да се префрлате помеѓу различните режими на
знаци, притиснете #.
За да избришете некој карактер, притиснете C. За да
избришете повеќе од еден карактер, притиснете и
задржете C.
Најчестите правописни знаци се достапни под
бројот 1. За да скролувате низ нив еден по еден, ако
користите традиционално внесување на текст,
притиснете 1 последователно. Ако користите
предвидливо внесување на текст, притиснете 1, и
потоа * последователно.
За да отворите листа со специјални карактери,
притиснете и задржете *.
Совет: За да одберете неколку специјални
знаци од листата на специјални знаци,
притиснете 5 по секој обележан знак.