Nokia N86 8MP - Совети за креирање на GPS конекција

background image

Совети за креирање на GPS

конекција

Ако Вашиот уред не може да го пронајде

сателитскиот сигнал, проверете го следново:

Ако сте во затворена просторија, излезете на

отворено за да примите подобар сигнал.

85

Позиционирање

(GPS)

background image

Ако сте надвор, поместете се на поотворено

место.

Осигурајте се дека Вашата рака не ја покрива

GPS антената на Вашиот уред.

Ако временските услови се лоши, тоа може да

влијае на јачината на сигналот.

Некои возила имаат затемнети (атермиски)

прозорци, кои можат да ги блокираат

сателитските сигнали.

Проверете го статусот на сателитскиот сигнал

За да проверите колку сателити пронашол вашиот

уред и дали ги прима сателитските сигнали,

изберете

Menu

>

Applications

>

GPS data

и

Options

>

Satellite status

.

Ако вашиот уред пронашол

сателити, се прикажува

црта за секој сателит во

приказот за информации за

сателити. Колку повеќе има

црти, толку е појак

сателитскиот сигнал. Кога

вашиот уред примил доволно податоци од

сателитскиот сигнал за да ги пресмета

координатите на вашата локација, бојата на цртите

се менува.
Иницијално, вашиот уред мора да прими сигнали од

најмалку четири сателити за да може да ја пресмета

координатите на вашата локација. Кога ќе се

направи првичната пресметка, можно е да се

продолжи со пресметување на координатите на

вашата локација со три сателити. Меѓутоа,

прецизноста генерално е подобра кога се

пронајдени повеќе сателити.