За GPS
Координатите на GPS се прикажани со користење на
интернационален WGS-84 координативен систем.
Достапноста на координатите може да варира во
зависност од регионот.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е
управуван од Владата на Соединетите Држави, која
е единствено одговорна за точноста и
одржувањето на системот. На точноста на
податоците на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави
Владата на Соединетите Држави и е предмет на
промена со политиката за цивилен GPS на
Министерството за Одбрана на Соединетите Држави
и Федералниот Радионавигационен План. На
точноста исто така може да влијае и слабата
геометрија на сателитите. На достапноста и
квалитетот на GPS сигналите може да влијае и
Вашата околина, згради, природни пречки како и
временските услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради или под земја
и може да бидат попречени од материјали како што
се бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на
локации, и не треба никогаш да се потпирате
единствено на податоците за локацијата од GPS
приемникот и на мобилните радио мрежи за
позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може
да се појават грешки при заокружување. На
точноста исто така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.
Во прилагодувањата за позиционирање може да се
вклучат или исклучат различни методи на
позиционирање.