За Bluetooth
Bluetooth технологијата во вашиот уред
овозможува безжични врски помеѓу електронски
уреди во опсег од 10 метри (33 стапки). Bluetooth
врска може да се користи за да испратите слики,
59
Поврзаност
видео, текст, визит-карти, календарски белешки
или безжично да се поврзете на уреди што
користат Bluetooth технологија.
Бидејќи уредите што користат Bluetooth
технологија комуницираат користејќи радио
бранови, вашиот уред и другите уреди не мора да
бидат во директна видна врска. Двата уреди само
треба да бидат максимално 10 метри оддалечени
еден од друг, иако врската може да биде изложена
на интерференција од пречки како што се ѕидови
или од други електронски уреди.
Неколку Bluetooth врски можат да бидат активни
одеднаш. На пример, ако вашиот уред е поврзан на
слушалки, исто така можете истовремено да
пренесувате датотеки на друг компатибилен уред.
Овој уред е во согласност со Bluetooth
спецификацијата 2.0 + EDR што ги поддржува
следниве профили: Dial-Up Networking (DUN), Object
Push Profile (OPP), File Transfer Profile (FTP), Hands
Free Profile (HFP), Headset Profile (HSP), Basic Imaging
Profile (BIP), Remote SIM Access Profile (SimAP), Device
Identification Profile (DI), Phonebook Access Profile
(PBAP), Generic Audio/Video Distribution Profile
(GAVDP), Audio/Video Remote Control Profile (AVRCP),
Advanced Audio Distribution Profile (A2DP) . За да
осигурате интеропратибилност помеѓу другите
уреди што поддржуваат Bluetooth технологија,
користете додатоци за овој модел што се одобрени
од Nokia. Проверете со производителите на другите
уреди за да ја утврдите нивната компатибилност со
овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија
ја зголемуваат побарувачката на енергија од
батеријата и го намалуваат животниот век на
батеријата.