
WLAN врски
За да користите WLAN, мора да креирате интернет
пристапна точка (IAP) во WLAN. Користете ги
пристапните точки за апликациите што треба да се
поврзат на интернет. WLAN врска се воспоставува
кога креирате податочна врска користејќи WLAN
пристапна точка. Активната WLAN врска е завршена
кога ќе ја завршите податочната врска. Исто така,
врската можете рачно да ја завршите.
Можете да користите WLAN за време на гласовен
повик или кога е активна врска преку пакетни
57
Поврзаност

падотоци. Истовремено можете да бидете поврзани
само на една WLAN пристапна точка, но неколку
апликации може да ја користат истата интернет
пристапна точка.
Кога уредот е во локалниот профил, се уште можете
да користите WLAN (ако е достапна). Запаметете да
ги почитувате сите применливи безбедносни
барања кога воспоставувате и користите WLAN
врска.
Ако го преместите уредот на друга локација во
WLAN и надвор од опсегот на WLAN пристапна точка,
роаминг функционалноста може автоматски да го
поврзе вашиот уред со друга пристапна точка што
припаѓа на истата WLAN. Се додека останувате во
опсегот на пристапната точка што припаѓа на истата
мрежа, вашиот уред може да остане поврзан на
мрежата.
Совет: За да ја проверите уникатната адреса
на контрола на пристап на медиуми (MAC) што
го идентификува вашиот уред, на пример за
да ја конфигурирате MAC адресата од вашиот
уред на WLAN рутер, внесете *#62209526# во
почетниот екран. MAC адресата е прикажана.