За WLAN
За да користите безжичнa LAN (WLAN) конекција,
таа мора да е достапна во Вашата локација, и
Вашиот уред мора да е поврзан со WLAN мрежата.
Некои WLAN мрежи се заштитени, и потребен Ви е
клуч за пристап од обезбедувачот на услуги за да се
поврзете со нив.
Забелешка: Може да постојат некои
ограничување за користење на WLAN во некои
земји. За повеќе информации проверете кај Вашите
локални власти.
Услугите како што се WLAN, или кои може да се
активни во позадина додека користите други
услуги, ја зголемуваат побарувачката на енергија
од батеријата и го намалуваат животниот век на
батеријата.
Вашиот уред ги поддржува следниве WLAN услуги:
●
IEEE 802.11b/g стандард
●
Работа на 2.4 GHz
●
Wired equivalent privacy (WEP) со клучеви до 128
bits, Wi-Fi заштитен пристап (WPA), и 802.1x
методи за аутентификација. Овие функции може
да се користат само ако се поддржани од
мрежата.
Важно: Секогаш вклучете еден од
достапните методи на шифрирање за да ја
зголемите безбедноста на Вашата безжична LAN
конекција. Користењето на шифрирање го
намалува ризикот од неовластен пристап до
Вашите податоци.