Nokia N86 8MP - Остварување на видео повик

background image

Остварување на видео повик

Кога упатувате видео повик (мрежна услуга),

можете да гледате двонасочно видео во реално

време помеѓу вас и примачот на повикот. Видео

сликата во живо или видео сликата направена со

камерата во вашиот уред е покажана на примачот

на видео повикот.
За да можете да упатите видео повик, морате да

имате USIM картичка и да сте во опсег на некоја

UMTS мрежа. За достапност и претплата на услуги за

видео повик, контактирајте со вашиот добавувач

на мрежни услуги.
Видео повик може да се направи само помеѓу две

страни. Видео повикот може да се направи со

компатибилен мобилен уред или ISDN клиент.

Видео повици не можат да се прават додека е

активен друг гласовен, видео или податочен повик.

Икони

Не примате видео (примателот не испраќа видео

или мрежата не го емитува).

Сте го одбиле видео испраќањето од вашиот

уред. За да испратите мирна слика наместо тоа,

изберете

Menu

>

Tools

>

Settings

и

Phone

>

Call

>

Image in video call

.

Дури и да сте го одбиле видео испраќањето за време

на видео повик, повикот се уште се наплаќа како

видео повик. Проверете ги цените кај вашиот

добавувач на услуги.

1.

За да почнете видео повик, внесете го

телефонскиот повик во режимот на чекање или

изберете

Contacts

и контакт.

2.

Одберете

Options

>

Call

>

Video call

.

Секундарната камера од предната страна

стандардно се користи за видео повици.

Почнувањето на видео повик може малку да

потрае.

Waiting for video image

е покажан. Ако

повикот не е успешен (на пример, видео

повиците не се поддржани од мрежата или

127

Остварување

на

по

виц

и

background image

приемниот уред не е компатибилен) ќе бидете

прашани дали сакате да се обидете со нормален

повик или наместо тоа да испратите текстуална

или мултимедијална порака.
Видео повикот е активен кога гледате две видео

слики и го слушате звукот преку звучникот.

Примателот на повикот може да го одбие

испраќањето на видео ( ), па во тој случај го

слушате само звукот и можете да видите мирна

слика или сива графика во позадината.

3.

За да го завршите видео повикот, притиснете го

копчето за завршување.