Nokia N86 8MP -  Гласовни повици  

background image

Гласовни повици

1.

Во standby режимот, внесете го телефонскиот

број, вклучувајќи го и регионалниот код. За да

отстраните некој број, притиснете C.
За меѓународни повици, притиснете * два пати за

+ знакот (го заменува меѓународниот код за

пристап), а потоа внесете го кодот на државата,

регионалниот код (доколку е потребно

испуштете ја првата нула), и телефонскиот број.

2.

За да го остварите повикот, притиснете го

копчето за повикување.

3.

За да го завршите повикот (или за да го откажете

обидот за повик), притиснете го копчето за

завршување.
Со притискање на копчето за завршување

секогаш го завршувате повикот, дури и ако

друга апликација е активна.

За да упатите повик од Контакти, изберете

Menu

>

Contacts

. Скролувајте до посакуваното име, или

внесете ги првите букви од името во полето за

пребарување. За го повикате контактот, притиснете

го копчето за повикување. Ако имате зачувано

повеќе броеви за некој контакт, одберете го

саканиот број од листата, и притиснете го копчето

за повикување.