Nokia N86 8MP - Кодови за пристап

background image

Кодови за пристап

Ако заборавите некој од кодовите за пристап,

контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги.

Личен број за идентификација (Personal

identification number) - PIN код — Овој код ја

штити Вашата SIM картичка од неовластен

аупотреба. PIN кодот (4 - 8 цифри) обично го

добивате со SIM картичката. Ако трипати по ред

се внесе погрешен PIN код, кодот се блокира, и

потребен е PUK кодот за негово деблокирање.

UPIN код — Овој код може да го добиете со USIM

картичката. USIM картичката е надградена

верзија на SIM картичката и е поддржана кај 3G

мобилни телефони.

PIN2 код — Овој код (4 - 8 цифри) се добива со

некои SIM картички и е потребен за пристап до

некои функции од Вашиот уред.

Код за заклучување (исто така познат како

безбедносен код) — Кодот за заклучување Ви

помага да го заштитите уредот од неовластено

користење. Претходно наместениот код е 12345.

Можете да креирате или промените кодот и

прилагодете го уредот да го бара кодот, Новиот

код чувајте го во тајност и на безбедно место

подалеку од Вашиот уред. Ако го заборавите

кодот и Вашиот уред е заклучен, уредот ќе

побара услуга. Можно е да се применат

дополнителни наплаќања, и сите лични

податоци во Вашиот уред можат да бидат

избришани. За повеќе информации,

контактирајте со некој Nokia Care центар или со

дилерот на Вашиот уред.

Личен код за одблокирање (Personal unblocking

key - PUK) код и PUK2 код — Овие кодови (8

цифри) се бараат за да се промени блокиран PIN

код или PIN2 код, соодветно. Ако кодовите не ги

добиете со SIM картичката, контактирајте го

операторот чија SIM картичка е во Вашиот уред.

UPUK код — Овој код (8 цифри) е потребен за

менување на блокиран UPIN код. Ако кодот не го

22

Наоѓање

по

мош

background image

добиете со USIM картичката, контактирајте го

операторот чија USIM картичка е во Вашиот уред.

Интернационален мобилен број за идентитет на

опрема (IMEI) — Овој број (15 или 17 цифри) се

користи за да се идентификуваат валидни уреди

на GSM мрежата. Уреди што се, на пример,

украдени може да бидат блокирани од

пристапување на мрежата. IMEI бројот за Вашиот

уред се наоѓа под батеријата.

Продолжување на