Nokia N86 8MP - За FM предавателот

background image

За FM предавателот

Достапноста на FM емитерот може да варира во

зависност од државата. Во моментот на

пишувањето, FM емитерот може да се користи во

следниве Европски држави: Австрија, Белгија,

Бугарија, Република Чешка, Данска, Естонија,

Финска, Германија, Исланд, Ирска, Литванија,

Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Холандија,

Норвешка, Португалија, Шпанија, Швајцарија,

Шведска, Турција и Обединетото Кралство. За

најновите информации, и листата на не-Европските

држави, видете www.nokia.com/fmtransmitter.

Со FM предавателот, можете да пуштате песни кои

се зачувани во Вашиот уред преку компатибилно FM

радио, како што е радио за автомобил или домашен

стерео систем.
Работната фрекфенција на предавателот е со опсег

од 88.1 до 107.9 MHz.
Работната далечина на FM предавателот е до

максимум од 2 метри (6.5 стапки). Пречки, како што

се ѕидови, други електронски уреди, или јавни

радио станици можат да предизвикаат

попречувања во преносот. FM предавателот може

да предизвика пречки за околните FM радиа кои

работат на истата фрекфенција. За да избегнете

попречувања, секогаш пребарувајте за слободна

FM фрекфенција на радио приемникот пред

користење на FM предавателот.
FM предавателот не може да се користи во исто

време како FM радиото на Вашиот уред.