Фотографирање
Кога фотографирате, имајте го на ум следново:
●
Користете ги двете раце за да ја држите камерата
мирно.
●
Квалитетот на дигитално зумираната слика е
помал од оној на незумираната слика.
●
Камерата за кратко оди во режимот на штедење
на батеријата ако нема притискања на
копчињата. За да продолжите со
фотографирање, притиснете го копчето за
сликање.
За да фотографирате, направете го следново:
1.
Ако камерата е во видео режимот, изберете го
режимот на слики од активниот алатник.
2.
За да го наместите фокусот на некој објект,
притиснете го копчето за фотографирање до
половина (само за главната камера, не е
достапно за сцени на пејзаж или спортски
сцени). Зелен индикатор за заклучен фокус се
појавува на дисплејот. Ако фокусот не е
заклучен, се појавува црвениот индикатор за
фокус. Отпуштете го копчето за сликање и
повторно притиснете го до половина. Исто така,
можете да фотографирате без заклучување на
фокусот.
37
Камера
3.
За да фотографирате,
притиснете го копчето за
сликање. Не го мрдајте
уредот пред сликата да се
зачува и финалната слика да
се појави на екранот.
За да зголемите или намалите
зумирање кога фотографирате,
користете го копчето за зумирање во вашиот уред.
За да ја активирате предната камера, изберете
Options
>
Use secondary camera
. За да
фотографирате, притиснете го копчето за движење.
За да зголемите или намалите зумирање, движете
нагоре или надолу.
За да ја оставите камерата отворена во позадината
и да користите други апликации, притиснете го
мени копчето. За да се вратите на камерата,
притиснете и држете го копчето за сликање.