Nokia N86 8MP - За камерата

background image

За камерата

Вашиот Nokia N86 8MP има две камери. Главната,

камера со висока резолуција, се наоѓа на задната

страна на уредот. Секундарната, камера со помала

резолуција, се наоѓа од предната страна. Можете да

ги користите двете камери за да фотогафирате и да

снимате видео клипови.
Вашиот уред поддржува правење на слики со

резолуција од 3264x2448 пиксели (8 мегапиксели) .

Резолуцијата на сликите во ова упатство може да

изгледа различно.
Сликите и видео клиповите се зачувуваат во

Фотографии.
Произведените слики се во JPEG форматот. Видео

клиповите се снимаат во MPEG-4 форматот на

датотеки со екстензијата.mp4 или во 3GPP форматот

на датотеки со екстензијата .3gp (квалитет на

споделување).

Видете "Видео

прилагодувања" стр. 46.

За да ослободите меморија за нови слики и видео

клипови, префрлeте датотеки на компатибилен

компјутер со користење на компатибилен USB

кабел за податоци, на пример, и отстранувате ги

датотеките од Вашиот уред. Уредот Ве информира

кога меморијата е полна. Тогаш можете да

ослободите меморија на моменталното

складирање или да ја промените меморијата што се

користи.
Можете да испраќате слики и видео клипови во

мултимедијална порака, како прилог во e-mail, или

со користење на други методи за конекција, како

што се Bluetooth конективност или безжична LAN

конекција. Исто така можете да ги ставите на

компатибилен online албум.