Nokia N86 8MP - Информации за сертификација (SAR)

background image

Информации за сертификација

(SAR)

Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за

изложеност на радио бранови.
Вашиот мобилен уред е радио предавател и

примател. Тој е дизајниран да не ги надмине

ограничувањата за изложеност на радио бранови

препорачани со меѓународните упатства.

Упатствата се развиени од независната научна

организација ICNIRP и вклучуваат безбедносни

граници поставени за да се осигура безбедноста на

сите лица, без оглед на возраста и здравјето.
Упатствата за изложеност кај мобилните уреди

користи единица мерка позната како Специфична

Апсорпциона Стапка или SAR. Ограничувањето за

SAR наведено во упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/

килограм (W/kg) во просек на 10 грама ткиво.

Тестовите за SAR се изведуваат со користење

стандардни оперативни позиции при што уредот

предава на највисокото сертифицирано ниво на

енергија во сите тестирани фреквенциони

должини. Вистинското ниво на SAR на уред кој

работи може да биде под максималната вредност

бидејќи уредот е дизајниран да ја користи само

енергијата потребна да се допре до мрежата. Таа

количина се менува во зависност од бројни фактори

како што е колку блиски сте до мрежната базна

станица.
Највисоката дозволена SAR вредност кога уредот се

употреба на уво според ICNIRP е 0,76 W/kg.
Употребата на додатоци за уредот може да

резултира со различни SAR вредности. Вредностите

на SAR може да се разликуваат во зависност од

националните барања за известување и тестирање

и од брановата должина на мрежата.

Дополнителни информации за SAR може да се

најдат кај информација за производот на

www.nokia.com.

188

Ин

форм

ац

ии

за

производот

и

бе

збе

дно

ста