
Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во
фабриката. Нема потреба да се наполни батеријата
однапред. Ако уредот покажува мала наполнетост,
направете го следново:
Редовно полнење
1.
Вклучете го полначот во ѕиден
штекер.
2.
Поврзете го полначот со уредот.
Светлосниот индикатор за
полнењето веднаш до USB
конекторот засветлува кога
батеријата се полни.
3.
Кога уредот покажува целосна
наполнетост, исклучете го
полначот од уредот, а потоа од
ѕидниот штекер.
Не треба да ја полните батеријата
одреден временски период, а
уредот можете да го користите додека се полни. Ако
батеријата е целосно испразнета, може да поминат
неколку минути пред индикаторот за полнење да се
појави на дисплејот или пред да можат да се
направат било какви повици.
Совет: Исклучете го полначот од ѕидниот
штекер кога полначот не е во употреба.
Полначот којшто е поврзан со штекерот
троши енергија дури и кога не е поврзан со
уредот.
USB полнење
Можете да користите USB полнење кога не е
достапен некој ѕиден штекер. Исто така, со USB
16
За
почеток

полнењето можете да пренесувате податоци
додека го полните уредот.
1.
Поврзете компатибилен USB уред на вашиот
уред користејќи компатибилен USB кабел.
Ефикасноста на USB полнењето значително се
разликува. Во некои случаи, може да помине
подолг период за да почне полнењето и уредот
да почне да функционира.
2.
Ако вашиот уред е вклучен, можете да изберете
за USB режимот од достапните опции на
дисплејот од уредот.
За време на продолжената работа како што се
активен видео повик и податочна врска со висока
брзина, уредот може да се загрее. Во повеќето
случаи, оваа состојба е нормална. Ако се сомневате
дека уредот не работи правилно, однесете го до
најблискиот овластен сервис.