Nokia N86 8MP - Offline профил

background image

Offline профил

За да го активирате локалниот профил, кратко

притиснете го копчето за вклучување и изберете

Offline

.

Локалниот профил ви дава да го користите уредот

без поврзување на безжичната мобилна мрежа.

Кога го активирате локалниот профил, врската со

мобилната мрежа се прекинува, како што е

означено од во областа на индикаторот за јачина

на сигналот. Спречени се сите сигнали на

радиофреквенција (RF) до и од уредот до мобилната

мрежа. Ако се обидете да испратите пораки

користејќи ја мобилната мрежа, тие се поставени во

фолдерот Појдовно сандаче за да бидат пратени

подоцна.
Кога локалниот профил е активен, можете да го

користите вашиот уред без SIM картичка.
Ако SIM картичката не е исправно поставена, уредот

започнува во локалниот профил.

Важно: Во Офлајн профилот не можете да

остварувате или примате какви било повици, или

да користите други карактеристики за кои е

потребно мобилно мрежно покривање. Сеуште се

можни повици кон официјалниот итен број

програмиран во Вашиот уред. За да остварувате

повици, првин ќе морате да ја активирате

функцијата на телефонот со промена на профилот.

Ако уредот е заклучен, внесете го кодот за

заклучување.
Кога сте го активирале локалниот профил, се уште

можете да ја користите безжичната LAN, на пример,

за да го читате вашиот e-mail или да прегледувате

на интернет. Исто така, можете да користите

Bluetooth поврзаност додека сте во локалниот

профил. Запаметете да ги почитувате сите

применливи безбедносни барања кога

воспоставувате и користите безжична LAN или

Bluetooth врска.
За да се префрлите на друг профил, кратко

притиснете го копчето за вклучување и одберете

друг профил. Уредот повторно допушта безжични

преноси (доколку сигналот е доволно силен).